Поврзете се со нас

Италија

Мајсторија од „џокерот“ на Аталанта: Ѕаниоло со еден потег извади од игра осум играчи на Лацио (Видео)

Објавено

на

Аталанта успеа да остане непоразена во Серија А на 12 натпрвари одиграни во низа, иако вечерва беше многу блиску да стави крај на импресивната серија.

„Ла Деа“ пристигна на „Олимпико“ во Рим со 11 последователни победи во италијанската елита, но до 88-та минута беше во резултатска негатива и беше на добар пат да загуби од Лацио.

Лацио грчевито се бранеше во завршницата и правеше се што е во своја моќ да го одбрани голот кој го постигна Деле Баширу, па и покрај тоа што беше блиску до такво нешто, сепак не успеа да најде решение за генијалниот потег на Ѕаниоло.

Николо беше еден од „џокерите“ на Гасперини кои влегоа во вториот дел, а поранешната ѕвезда на Рома повторно најде голема инспирација во дуел против Лацио.

Ѕаниоло креираше стопроцентна шанса од „мртва топка“ за која изгледаше дека нема никакво решение, но еден величествен потег направи да извади од игра дури осум играчи на Лацио.

Офанзивниот фудбалер ја насамари цела одбрана на домашниот тим и го проигра Лукман, кој потоа несебично додаде до Брешианини за конечни 1:1.

Мајсторијата погледнете ја ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни