Мајсторија: Николов ја измести противничката одбрана и ја потврди победата на МОЛ Фехервар (Видео)

nikolov

Македонскиот репрезентативец, Бобан Николов се запиша во листата на стрелци на вечерашниот меч на МОЛ Фехервар против ДВТК во првата лига на Унгарија.

Гостите славеа со 3-1, а погодокот за потврда на трите бода беше дело на Николов во 86 минута. Бобан одлично се снајде во противничкиот шестнаесетник, ја исмести одбраната и со одмерен удар ја затресе мрежата на домашниот голман Даниловиќ. Ова за играчот од средината на теренот беше прв сезонски погодок во шампионатот.

Тој ги одигра сите 90 минути исто како и стоперот Висар Муслиу.

Facebook Коментари