Поврзете се со нас

Франција

Мајсторија на „Велодром“: Паје со волеј бравура го најави пресвртот на Марсеј (Видео)

Објавено

на

Марсеј со пресврт успеа да стигне до многу важна победа во битката за излез во Европа, а во триумфот од 3:2 над Лориен, во фокусот се најде искуснит Димитри Паје.

Поранешната премиерлигашка ѕвезда е вистински специјалист за постигнување голови од дистанца, па така ова попладне стана рекордер по бројот на постигнати погодоци надвор од шеснаесетникот откако „Опта“ води ваква статистика во Лига 1.

Паје изрежира спектакуларно волеј ремек-дело по додавањето со глава од страна на Аркадиуш Милик, со кое стигна до својот 24-ти погодок надвор од шеснаесетникот во француската фудбалска елита.

Овој погодок му донесе израмнување на Марсеј на стартот на вториот дел, а во продолжение, тимот од „Велодром“ го комплетираше пресвртот и победи со 3:2.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни