Поврзете се со нас

Европски првенства

Мајсторија на турнирот: Русо со магичен гол ја потврди Англија во прв финалист на ЕП (ВИДЕО)

Објавено

на

Селекцијата на Англија е прв финалист на Европското првенство и тоа откако во полуфиналето ја декласираше Шведска со 4-0.

Домашните фудбалерки ги искористија своите шанси и им одржаа лекција на скандинавките со тоа што потегот на мечот на „Брамал Лејн“ го имаше Алесија Русо.

Русо влезе во игра во второто полувреме за да во 68 минута постигне страшен погодок со пета и тоа откако топката мина низ нозете на голманката Линдахл пред да заврши во мрежата за ерупција на публиката во Шефилд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни