Мајсторија на Пандев: Горан погоди од 35 метри и му одржа лекција на голманот на Лече (Видео)

pandev-radost-lece

Џенова поведе на гостувањето кај Лече во 32-та минута, а стрелец на голот  беше Горан Пандев кој постигна погодок со кој само докажува дека е голем фудбалски мајстор и на залезот на својата кариера.

Македонскиот капитен покажа завидна умешност во една доста тешка ситуација, па со еден маестрален потег успеа да погоди од 35 метри, лобувајќи го голманот Габриел кој лошо ја исфрли топката.

Facebook Коментари