Поврзете се со нас

Лига на нации

Мајсторија на напаѓачот: Словенечкиот коментатор „полуде“ по слаломот на Шешко (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/nzs_si

Словенија ја запиша првата победа во Лигата Б во Лигата на нации, славејќи убедлив триумф оваа вечер на домашен терен против селекцијата на Казахстан.

Бенјами Шешко беше херој на Словенците и постигна хет-трик на пресметката во Љубљана, но начинот на кој го постигна првиот беше навистина спектакуларен.

Напаѓачот на Ред Бул Лапциг има извонредни движења за фудбалер кој е висок 195 сантиметри, а тоа го покажа и оваа вечер на „Стожице“.

Шешко извонредно се ослободи од тројца чувари и направи слалом во стилот на Златан Ибрахимовиќ, завршувајќи ја акцијата на мангупски начин со лоб.

Мајсторијата на Шешко не ги остави рамнодушни фановите во Љубљана, но ниту словенечкиот коментатор на „Спорт Клуб“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни