Поврзете се со нас

Свет

Мајсторија на Миовски против шкотскиот великан: Го измести дефанзивецот на Селтик, па го матираше искусниот Харт (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/AberdeenFC

Абердин го преживеа зимскиот преоден рок и успеа да го задржи Бојан Миовски во своите редови барем до крајот на сезоната, по што повеќе од јасно е дека македонскиот репрезентативец ќе направи трансфер во поголем клуб.

Миовски бележи стратосферски раст во шкотската Премиер лига и беше мета на неколку клуба изминатиов јануари, меѓутоа Абердин одби да го продаде во обид да оствари што подобар резултат оваа сезона.

Новата премиерлигашка рунда денеска беше отворено со натпревар меѓу Абердин и Селтик на „Питодри“, а спортската јавност на Островот уште еднаш се увери зошто Македонецот е „барана роба“ на трансфер пазарот.

Миовски имаше нов момент на инспирација и постигна мајсторски гол, односно најпрво го измести својот чувар, за потоа прецизно да бие во мрежата на искусниот Џо Харт.

Поранешниот англиски репрезентативен голман немаше решение за ударот на Миовски и Абердин поведе со 1:0, а големиот фаворит Селтик до крајот само успеа да израмни и мораше да се задоволи со бод.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни