Мајсторија на годината: Спировски и Ференцварош нокаутирани со гол од слободен удар од 60 метри (Видео)

janos

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Стефан Спировски со својот Ференцварош го загуби саботниот меч против Пушкаш Академија во унгарскиот шампионат.

Ова беше огромно изненадување, но уште поспецифично е како домаќините дојдоа до триумфот од 1-0. Автор на победата беше Јанос Хагедуш и тоа со погодок од слободен удар од 60 метри.

Оваа мајсторија сигурно ќе влезе во конкуренција за гол на сезоната во Унгарија, но и во некои други значајни избори.

Facebook Коментари