Поврзете се со нас

Репрезентација

Мајсторија на Елмас, нашите надежи ја изненадија Полска во квалификациите за ЕП (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години оствари голема победа над домаќинот Полска (2-0) во првата средба од квалификацискиот турнир за Европското првенство.

Избраниците на Тони Јакимовски одиграа одличен меч и се изборија за супер значаен триумф со кој дефинитивно направија исчекор кон наредната фаза. Нашите надежи го отворија резултатот во 12 минута со погодокот на напаѓачот на Македонија Ѓорче Петров, Никола Величковски.

Домаќините во 27 минута добија пенал кој не го реализираше членот на Милан, Дариуш Сталмах или поточно беше прочитан од голманот Љупче Џеков.

Во вториот дел мајсторски гол во 70 минута постигна Мухамед Елмас (роднина на Елиф) и со тоа ги обезбеди трите бода за нашата селекција која во второто коло ќе игра со фаворизираната Германија која пак лесно се справи со Казахстан (6-0)

(головите се на отсечката 24:15 и 69:05)

Македонија: Џеков, Стојилевски, Марковски, Џеков, Бамијоко, Зенделовски, Фета, Елмас, Ѓорѓиевски, Величковски;

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни