Поврзете се со нас

Англија

Мајсторија на „џокерот“ за прва победа на Потер, Виера не можеше да поверува (Видео)

Објавено

на

Челси долго се мачеше и чекаше до самиот финиш за да стигне до првата победа под водство на новиот менаџер Потер, а тоа го направи благодарение на „џокерот“ кој влезе од клупата.

Конор Галагер има 22 години и оваа сезона доби шанса да се докажува во првиот тим на Челси, па иако обично добива шанса како резерва, со потези како овој денеска, може да се избори и за позначајна минутажа.

Младиот играч за врска го постигна голот за 1:2 и победа на Челси против Кристал Палас, и тоа против тимот во кој тој брилјираше минатата сезона.

Галагер го сврте вниманието на себе со изданијата за Кристал Палас во изминатите 12 месеци, но судбината посака токму тој да биде човекот кој ќе им пресуди на домаќините.

Голот на Галагер беше вистинска мајсторија, а Патрик Виера не можеше да поверува дека играчот на кој до лани му се радуваше, сега го шокираше на „Селхрст парк“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни