Поврзете се со нас

Италија

Мајсторија на чизмата: Нова акробација за најавните шпици во Серија А (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ACMonza

Фудбалските фанови кои ги следат најелитните случувања во Европа се изнагледаа атрактивни погодоци во изминатите 24 часа, бидејќи по „ножичките“ на Санабрија вчера против Наполи, денеска видовме уште две акробатски ремек-дела во топ пет лигите.

Серж Гнабри се врати на терените по пауза од три месеци и режираше вистинска фудбалска магија на „Алијанц арена“, но вечерва видовме уште една минијатура во Серија А.

Натпреварот меѓу Џенова и Монца понуди дури пет гола и три беа постигнати во мрежата на домаќините, но еден беше посебно атрактивен.

Монца поведе со 0:2 уште во раната фаза на мечот, а погодокот на Дани Мота во 18-та минута сигурно ќе остане уште долго во сеќавање кај фановите на Монца.

Офанзивниот фудбалер маестрално го дочека центаршутот од десната страна и прикажа спектакуларна техника за зафаќање на тежок волеј, а со прикажаната акробација ги собра симпатиите и ги воодушеви неутралните фанови на италијанскиот фудбал.

Posts from the soccer
community on Reddit

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни