Мајсторија на Бразилецот: Нејмар со акробатски погодок му донесе победа на ПСЖ (Видео)

nejmar

Нејмар по пауза од 126 дена го одигра својот прв натпревар во дресот на Пари Сен Жермен и тоа во пресметката со Стразбур која успеа да ја реши со спектакуларен погодок во 92 минута.

Бразилецот непријатно беше дочекан на „Паркот на принцовите“ пред се од ултрасите на клубот кои му испратија јасна порака, но без разлика на се Нејмар покажа дека е играч од светска класа кој со еден потег може да реши натпревар. Тој во судиското продолжение доби топка од Диало која на магичен начин со помош на стативата ја смести во мрежата на гостите за три бода на домаќините. Во продолжение погледнете ја оваа мајсторија.

Facebook Коментари