Поврзете се со нас

Свет

Мајсторија на Алмада за голема победа на Аргентина во Монтевидео (Видео)

Објавено

на

Фото: https://x.com/Argentina

Аргентина гостуваше кај секогаш големиот ривал Уругвај во натпревар од квалификациите за СП 2026 година, а успеа да победи и покрај тоа што во тимот немаше играчи како Лионел Меси и Лаутаро Мартинез.

Избраниците на Лионел Скалони стигнаа до минимална победа (0:1) со голот на Тиаго Алмада, кој успеа да изрежира вистинска фудбалска мајсторија во 68. минута од натпреварот.

Погодокот на Алмада беше доволен за победа и зацврстување на актуелниот светски шампион на првата позиција во јужноамериканските квалификации.

Аргентинците сега ги очекува уште поголемо дерби со Бразил, а на него нема да сметаат ниту на Нико Гонзалес, кој против Уругвај заработи црвен картон во 95. минута од натпреварот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни