Поврзете се со нас

Шпанија

Мајсторија: Андонова си поигра со две противнички фудбалерки, па забележа асистенција за пресврт (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/LUDfemenino

Најдобрата македонска фудбалерка, Наташа Андонова имаше забележителен настап во дресот на Леванте на денешниот меч против Гранада во првата шпанска лига.

Андонова не се запиша во листата на стрелците, но забележа асистенција за вториот гол на домашниот тим, асистенција на која и претходеше магија на македонската репрезентативка која се ослободи од две противнички и потоа испрати топка која ја искористи Редондо Ферер за комплетен пресврт и 2-1.

Во продолжението, Леванте имаше неколку шанси кои не ги искористи за да ги потврди трите бода, па стигна казна во 85 минута кога Имаде со комичен погодок донесе бод за аутсајдерот (2-2).

Со 31 бод Леванте се наоѓа на 4. место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни