Поврзете се со нас

Лига Европа

Мајсториите на Рашфорд и Антони ја најавија убедливата победа на Јунајтед, голот на Ди Марија донесе радост во Торино (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед успеа да се рехабилитира од болниот и историски пораз од Ливерпул во Премиер лигата, такашто вечерва одигра навистина добар натпревар против Бетис во Лигата на Европа.

„Ѓаволите“ се со една нога во четвртфиналето во ова натпреварување по првиот натпревар кој се одигра на „Олд Трафорд“, бидејќи на Бетис навистина ќе му биде потребно чудо за да надополни негатива од 4:1.

Се започна со мајсторијата на Рашфорд кој испрати неодбранлива „бомба“ во мрежата на Браво, но сепак првото полувреме не беше толку еднострано како второто.

Бетис успеа да одговори и преку Ајозе израмни на 1:1, а истиот играч за малку ќе профитираше од големата грешка на Де Хеа кога ја погоди стативата.

Јунајтед реагираше во вториот дел и наметна иницијатива уште од самиот старт, но работите станаа далеку полесни откако Антони испрати извонреден шут со левата нога во мрежата на Браво.

По голот за 2:1, само продолжија да се редат шансите пред голот на гостите од Андалузија, а во листата на стрелците се запишаа уште Бруно и Вегхорст.

Од останатите натпревари вечерва, вреди да се напомене дека победа оствари и Јувентус, кој сигурно нема да биде презадоволен од триумфот од 1:0. Јуве буквално играше викторија пред голот на Фрајбург, но патот до мрежата го пронајде само Аргентинецот на стартот на вториот дел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни