Поврзете се со нас

Германија

Мајстории на Горецка и Кејн, Баерн испорача „петарда“ по пласманот во полуфиналето во ЛШ (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Баерн Минхен има една единствена цел до крајот на сезоната, но за да остане тимот во најдобра форма во Лигата на шампионите, мора сериозно да се сфаќаат и натпревари како овој денеска во Берлин.

Баварците гостуваа кај Унион и имаа нови проблеми со повредени фудбалери, но оние кои излегоа на теренот го оставија најдоброто и се погрижија за рутинска и убедлива победа.

Пласманот во полуфиналето во Лигата на шампионите очигледно влијаеше позитивно врз ибраниците на Томас Тухел, кои денеска испорачаа „петарда“ во мрежата на домашниот тим.

Горецка и Кејн отворија со мајсторски погодоци за предност од 0:2, а во вториот дел два гола постигна Милер и еден Тел за предност од 0:5.

Во судиското продолжение, Унион преку Вертезен постигна почесен гол, па со тоа само го ублажи високиот пораз во пресметката со Баерн.

До првата пресметка со Реал, Баерн ќе одигра натпревар и со Ајнтрахт Франкфурт, а главна цел на Тухел ќе биде да ги врати повредените Гнабри и Сане.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни