Мајорка со три одлични голови го здрви Депортиво и се врати во Примера (Видео)

majorka

Екипата на Мајорка ја доби финалната плејоф битка со Депортиво Ла Коруња и во наредната сезона повторно ќе игра во Примера.

Домашниот состав влезе во вечерашниот меч со негатива од 2-0, но тоа воопшто не беше проблем, всушност донесе поголема мотивација, па се оствари триумф од 3-0 кој беше доволен за конечни 3-2 во оваа битка и обезбедување на место во елитната шпанска конкуренција.

Три одлични голови дадоа фудбалерите на Мајорка и тоа преку Будумир во првото и Севилја и Прац во вториот дел. Ова е голем успех за оваа екипа која за две години направи скок од два лига, поточно лани се избори за промоција во втората лига, а годинава за Примера.

Освен Мајорка во првата лига место обезбедија Осасуна и Гранада.



Facebook Коментари