Поврзете се со нас

Шпанија

Мајорка ја елиминираше Џирона од Купот на Шпанија (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/RCD_Mallorca

Составот на Мајорка е вториот полуфиналист во Купот на Шпанија и тоа откако вечерва успеа да ја добие пресметката со актуелниот лидер во Примера, тимот на Џирона.

Домаќините славеа со 3-2 и тоа пред се благодарение на пеколното прво полувреме во кое се стекнаа со предност од 3-0. Ларин во 21 минута го отвори резултатот за да потоа искусниот Пратс биде автор на погодоците во 28 и 35 минута од средбата.

Гостинскиот тренер Мичел направи неколку промени во вториот дел и тоа даде резултат заедно со црвениот картон на Раилјо. Стуани и Савио погодија за 3-2, меѓутоа тоа беше се што значи дека Џирона сега ќе се фокусира само на средбите во шампионатот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни