Поврзете се со нас

Шпанија

Мајорка и Трајковски изборија експресно враќање во Ла Лига

Објавено

на

Мајорка се врати во најквалитетната шпанска лига само десет месеци откако не успеа да обезбеди опстанок, па мораше да одигра барем една сезона во втората лига.

Тимот чиј член е и македонскиот репрезентативец Александар Трајковски ја потврди промоцијата без да игра, откако Алмерија загуби на гостувањето кај Картагена.

На три кола до крајот, Мајорка има осум бодови повеќе од третопласираната Алмерија, која има натпревар повеќе, па екипата од островот е недостижна на една од двете позиции која носи директно во Примера.

И покрај тоа што игра во солидна форма во македонската репрезентација, Трајковски сезонава ретко добиваше шанса од тренерот Гарсија и досега има само осум настапи во првенството.

Покрај Мајорка, директен пласман во најквалитетната шпанска лига веќе обезбеди и Еспањол.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни