Поврзете се со нас

Германија

Мајнц прв му зема мерка на Баерн, шампионот во победнички ритам (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/FCBayern

Баерн Минхен го претрпе првиот сезонски пораз во Бундеслигата и тоа на гостувањето кај Мајнц кој направи големо изненадување и славеше со 2-1.

Истиот овој Баерн на крајот на месец октомври го разби Мајнц на овој терен во Купот на Германија (4-0), но попладнево борбените домаќини се одмаздија бодрени од своите навивачи.

Ли беше автор на два гола и тоа во 41 и 60 минута, додека почесниот погодок за „баварците“ беше дело на Сане во 87 минута (ТУКА можете да ги погледнете) Сега четата на Компани има само четири бода повеќе од актуелниот шампион Баер Леверкузен кој рутински се справи со Аугзбург.

Терие и Вирц беа прецизни во првиот дел и тоа беше доволно за триумф број осум за „фармацевтите“. (ОВДЕ погледнете ги погодоците)

Најубедливата победа ова попладне ја забележа Борусија Менхенгладбах над Холштајн Кил со 4-1.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни