Поврзете се со нас

Свет

Мајкл Џордан формираше НАСКАР тим

Објавено

на

Кошаркарската легенда Мајкл Џордан реши да основа НАСКАР тим, кој во иднина ќе биде менаџиран од него и косопственикот, Дени Хeмлин, кој е познат и како трикратен победник на трката Дејтона 500.

Бaба Волис ќе биде единствен возач на овој нов НАСКАР тим и ќе биде прв афроамериканец во серијата, додека Џордан стана втор афроамериканец, сопственик на екипа во легендарниот шампионат.

– Историски гледано, НАСКАР имаше проблеми со расната еднаквост и многу малку афроамериканци како сопственици на екипи. Тајмингот за овој потег се чини како вистински затоа што шампионатот оди во насока на прифаќање на социјалните промени, – истакнал Џордан кој смета дека ова е уште една можност за афроамериканците да добијат простор во НАСКАР.

Хeмлин ќе биде малцински сопственик на клубот, додека во меѓувреме ќе продолжи да вози за Џо Гибс Рејсинг.

Новиот тим ќе се приклучи во НАСКАР во 2021 година, а името и спонзорите ќе бидат објавени дополнително.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни