Поврзете се со нас

Свет

Мајката на Роналдо плачеше на трибините поради неверојатниот јубилеј на Португалецот (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/selecaoportugal

Кристијано Роналдо вчера го имаше 200-от настап за португалската фудбалска репрезентација и одбележа јубилеј кој изгледа неверојатно, а кој предизвика многу емоции кај мајката на славниот фудбалер.

Пред почетокот на мечот, Роналдо доби посебно признание од луѓето од Федерацијата за својата долговечност во репрезентацијата, но камеријата ја уловија и реакцијата на неговата мајка на трибините.

После ова, Роналдо одговори на теренот во свој стил и постигна два гола во победата над Словачка од 3:2, со што стигна до 857 погодоци во својата кариера.

– Мојата мајка беше многу емотивна на трибините и го видов тоа. Ова се бројки кои мислев дека никогаш нема да ги достигнам, но токму овие мали чекори ме мотивираат да бидам подобар и на оваа возраст, – изјавил Роналдо, кој сега на 143 гола од 1000 погодоци во својата кариера.

– Ќе биде многу тешко да дојдам до 1000 голови, но тоа ќе зависи и од мојата физичка подготвеност и мојата мотивација. Ако нозете ме слушаат како што јас ги слушам нив, ќе видиме што ќе се случи. Сепак, за да размислувам за 1000 голови, прво треба да стигнам до 900, а тоа мислам дека ќе го остварам, – додал Португалецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни