Италија
Мајката на Рабио: Јувентус никогаш не бил опција
Адријан Рабио реши да се раздели со Јувентус по завршувањето на договорот со италијанскиот клуб, но иако слободен агент, досега нема пронајдено нов ангажман и останува без клуб.
Последните денови се појавија шпекулации дека Рабио може да се врати во редовите на „бјанконерите“, па тоа мораше да го демантира и тренерот Тиаго Мота, кој потенцирал дека не добил повик од Французинот и нема никаква промена на неговата ситуација.
Новинарите на „Лекип“ стапиле во контакт со Вероник Рабио, мајката и агент на францускиот репрезентативец, која исто така самоуверено истакнала дека не планираат да се премислат за донесената одлука.
– Нема потреба некој да ни ја затвора вратата, бидејќи враќањето во Јувентус никогаш не било опција за која сме размислувале.
– Кога носиме одлуки, преземаме одговорност за нив, – рекла мајката на Рабио.
Медиумите тврдат дека најголем проблем за Французинот е неговата висока плата, односно желбата да заработува по речиси 10 милиони евра по сезона.
-
Шпанија21 час
Гути: Нешто не функционира во овој Реал Мадрид
-
Шпанија23 часа
Џентлменски потег: Реал Мадрид со голема почит го испрати Иниеста во пензија
-
Германија20 часа
Баерн подготвува „понуда која не се одбива“ за Мусиала
-
Свет8 часа
Клоп со прва изјава за својот нов фудбалски проект: Не можам да бидам повозбуден
-
Италија24 часа
Капело критикува важен играч на Милан: Создава само негативна енергија
-
Англија19 часа
Палмер го победи Белингам во изборот за англиски фудбалер на годината
-
Англија21 час
Крај на една ера: Манчестер Сити останува без архитектот на моќниот тим на премиерлигашот
-
Шпанија23 часа
Агуеро ја тужи Барселона за неисплатен долг