Мајката на Мбапе била во право: Статистиката говори дека младиот Французин е најдобар фудбалер, подобар и од Меси и Роналдо

mbape-marsej

Информацијата која излезе во јавноста дека Челси пропуштил златна шанса да го ангажира Мбапе во 2012 година, предизвика бура реакции на сметка на англиските скаути. Мбапе дошол на проба во Лондон и одлично ја минал на истата, но раководствот на Челси сакале да го видат уште еднаш и го викнале повторно на проба. Но, мајка му на Мбапе им се ,,пуштила” со остар тон дека тоа нема да се случи и после ќе дојдат да го молат да дојде во нивниот клуб.

Очигледно мајката на Мбапе била во право, откако по последното истражување се покажа дека Мбапе бил подобар и од Лео Меси и од Роналдо на нивната возраст, кога биле 19-годишни. Младиот Французин до сега има постигнато 52 голови за Монако и ПСЖ, а Меси на таа возраст имал дадено 25 и Роналдо само 17 голови.

Во Лигата на шампиони, Мбапе постигнал 10 голови, а Меси 2 гола додека Роналдо не се запишал во листата на стрелци. Во дресот на националните тимови Мбапе стана светски шампион со својата земја, има постигнато 9 голови, а Меси само 4 голови и Роналдо 7 голови.

Facebook Коментари