Поврзете се со нас

АТП

Мајката на Ѓоковиќ: Страшно е тоа што го пишуваат, Новак очигледно им смета

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ дефинитивно е во центарот на вниманието на тенската јавноста, а причината за тоа дефинитивно се турнирите кои во изминатиов период ги организираше по што се појавија позитивни случаи на коронавирусот.

Меѓу заразените е и првиот светски рекет кој заедно со неговата сопруга ќе мора одредено време сега да мине во карантин. Во меѓувреме има многу реакции, критики на адреса на Србинот, има такви и кои застануваат во негова одбрана, а меѓу нив се и неговите родители.

Срѓан Ѓоковиќ го посочи Григор Димитров како главен виновник за целата ситуација за да сега се огласи и мајката на Ноле, госпоѓата Дијана која порака:

-Сите се чувствуваме добро, како и тие двајца. Само затоа што Новак е позитивен, не значи дека е болен. Тој е млад и здрав човек, па затоа е полесно е да се справи со тоа. На крајот на краиштата, мислам дека овој вирус е кон крајот, ова се само некои од „опашките“ коронавирусот кои не се толку силни како што беа на почетокот. Затоа се чувствуваат добро исто како ние, -истакна Дијана која ги критикуваше сите медиуми кои го нападнаа нејзиниот син.

-Страшно и престрашно е тоа што го пишуваат, ама ние сме навикнати. Како едвај да чекаа. Новак очигледно им смета, -порача за „Блиц“ мајката на најдобриот светски тенисер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни