Мајката на Дражен Петровиќ со специјална анализа: Дончиќ поради две нешта ме потсетува на мојот син

donkik

Лука Дончиќ едноставно брилјираше на штотуку завршеното Еввропско првенство и во друштво со неверојатниот Драгиќ беше најзаслужен за историската титула на Словенија на Евробаскетот, а зрелата игра која ја покажа играчот на Реал Мадрид на свои 18 години ги натера светските медиуми да прават споредби од навистина високи размери.

Достигнувањето на младиот Лука е нешто со што навистина не може да се пофали секој, а сега со една навистина специјална игра за развојот на овој кошаркарски дијамант излезе и мајката на легендарниот Дражен Петровиќ, Бисера Петровиќ.

Мајката на неповторливиот Дражен направи споредба меѓу нејзиниот несреќно починат син и најголемиот талент кој сега е хит на овие простори, обелоденувајќи две карактеристики на Словенецот кои ја потсетуваат на Петровиќ.

– Лука го следам веќе подолго време во Мадрид и веднаш сфатив дека е родена ѕвездата. Тој е млад и игра премногу зрело, тие се двете работи кои ме потсетуваат на Дражен. Среќна сум што на овие простори се случува повторно вакво нешто. Откако Дражен си замина, не сум видела момче кое на тие години игра толку зрело. Премногу сум среќна за него, го следам неговиот развој и ќе го следам во иднина, – вели мајката на Дражен.

Facebook Коментари