Поврзете се со нас

АТП

Мајката на Циципас: Ѓоковиќ е Босанец, но избрал да биде Србин

Објавено

на

foto: x.com/atptour

Јулија Апостоли не е многу позната меѓу тениските фанови, но грчките медиуми и отстапиле простор затоа што е мајка на Стефанос Циципас.

Мајката на славниот грчки тенисер во своето последно интервју зборувала и за Новак Ѓоковиќ, како голем ривал на нејзиниот син, а со еден детаљ го привлече вниманието во регионот.

– Јас живеев во Белград и го зборувам јазикот. Ѓоковиќ за себе вели дека е Србин, а впрочем е Босанец по раѓање. Тој избрал една од националностите во поранешна Југославија, – рекла Апостоли.

Покрај овој контроверзен сегмент, мајката на грчкиот тенисер сепак имала пофални зборови за големата тениска ѕвезда.

– Ѓоковиќ постигна се сам, без никаков пи-ар. Пристигна кога Федерер и Надал веќе беа на врвот, беше никој и ништо, но докажа дека се е можно во спортот. Имал многу тешко детство, морал да се крие од бомби, додека Федерер растел во среќна земја и без проблеми, – рекла Апостоли.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни