Поврзете се со нас

Шпанија

Мајката на Артур шокирана од изјавата на Сетиен: Сега почнаа да пронаоѓаат…. (Фото)

Објавено

на

Артур Мело се претвори во топ тема во шпанската и италијанската спортска јавност откако вчера беше пренесено дека се премислил и ги договорил сите детали за трансфер во Јувентус, вест која денсека ја искоментира и тренерот на Барселона.

Кике Сетиен употреби доста чуден речник при давањето образложение за специфичната ситуација во која се наоѓа Артур, а иако не сакаше директно да потврди дека тој е пред трансфер во Јувентус, со своите зборови успеа да ја налути мајката на младиот играч за врска.

– Ако е вистина дека си оди, се надевам дека ќе остави добар впечаток во времето кое му преостанува. Има играчи кои пристигнуваат со огромни очекувања и на крајот не ги исполнуваат. Тоа се случува во сите тимови. Не велам дека токму таков е случајот со Артур, но можам да кажам дека немаше континуитет откако јас сум тука, – порача денеска Сетиен.

Оваа изјава воопшто не и се допадна на мајката на Артур, Лусиа де Мело која преку социјалните мрежи го искажа своето незадоволство.

– Господе мој, сега почнаа да му пронаоѓаат дефекти на фудбалерот….., – гласи пораката на мајката на Мело.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни