Поврзете се со нас

Англија

Мајк Дин потврди дека Ливерпул победил со голема грешка на судијата: Не се испочитува правилото (Видео)

Објавено

на

Мајк Дин се пензионираше пред две години како еден од најдобрите англиски судии на сите времиња, а по крајот на професионалната кариера на теренот, остана дел од Премиер лигата како контролор на случувањата во ВАР собите.

Дин беше специјален соговорник за „Скај“ пред почетокот на денешното дерби на „Итихад“ и доби прашање за спорната одлука на натпреварот на „Сити Граунд“, каде Ливерпул успеа да го победи Нотингем со гол во 99-та минута.

Херој за „црвените“ беше Дарвин Нуњез, но домашните фудбалери беа бесни по последниот судиски свиреж, бидејќи пред Ливерпул да добие последна шанса за напад, топката требаше да заврши кај нив.

Хадсон Одои ја исфрли топката во аут поради физички проблеми на Конате, но кога се рестартираше играта, топката не им беше вратена на „шумарите“.

– Очигледно е дека се лути во Нотингем и јас би бил ако бев дел од овој клуб. Судијата Тирни направи огромна грешка, сигурен сум дека ова утро е свесен што направи.

– Жал ми е за Пол Тирни, но направи голема грешка и тоа беше на штета на Нотингем. Правилото вели дека кој ја имал топката пред прекина на играта, истата треба да се врати кај тимот кој имал посед. Хадсон Одои ја исфрли топката, но истата не беше вратена кај Нотингем, – објасни Мајк Дин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни