Мајк Дин после пет години даде објаснување за својата позната прослава на гол додека судеше натпревар (Видео)

mike-din

Мајк Дин важи за еден од најдобрите англиски судии и како таков се уште е еден од најпочитуваните во Премиер лигата, но покрај квалитетите како арбитар, Дин многу често знае да воодушеви и да стане вирален хит со неговите комични реакции и несекојдневни гестикулации.

Сепак, ако треба да се бира најчудниот момент во неговата кариера, истиот пристигна во 2015-та година, кога искусниот англиски судија изгледаше како да слави гол на Тотенхем во дуелот со Астон Вила. Во разговор со Питер Крауч, Дин се отвори за моментот кој стана вирален хит и истиот го окарактеризира како најбизарна случка во неговата богата кариера.

– Најглупата работа е моментот од Тотенхем против Астон Вила. Дозволив играта да продолжи и досудив предност, но кога се работи за ситуација во шеснаесетникот, или се суди пенал, или не правите ништо. Кога топката заврши во мрежа, добив олеснување и покажав на белата точка, но не сфатив дека го правам тоа толку енергично додека не се видов на телевизија. Тоа беше најбизарното нешто што сум го направил во кариерата, – признава Дин.

Facebook Коментари