Поврзете се со нас

НБА

Мајами завери конференциско финале, Дончиќ закажа седми натпревар со Феникс

Објавено

на

Фото: twitter.com/NBA

Лука Дончиќ одигра уште еден одличен натпревар, Далас славеше убедливо над Феникс (113:86), со што се избори за седми решавачки натпревар во плејоф серијата во НБА лигата.

На Истокот, Мајами триумфираше на гостувањето кај Филаделфија со 90:99 и со резултат 4:2 се најде во конференциското финале.

Далас пред своите фанови издоминира во шестиот дуел со Феникс, а Дончиќ го заврши натпреварот со 33 поени, 11 скокови и 8 асистенции. Булок со 19 и Брансон со 18 поени биле најдобра поддршка за Словенецот, додека кај Феникс реализаторски се истакнаа Ејтон и Букер со 21, односно 19 поени.

Феникс ќе биде домаќин на решавачкиот седми натпревар.

Мајами ги скроти Ембид и Харден и триумфираше во Филаделфија, а најдобар поединец во победничката екипа бил Батлер со 32 поени. Ембид и Макси со по 20 поени се најдобри стрелци во домашниот тим, додека Харден уфрлил само 11 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни