Поврзете се со нас

НБА

Мајами со уште еден голем пресврт стигна до предност од 2:0 во финалната серија на Истокот

Објавено

на

Екипата на Мајами стигна до 2:0 во финалната серија на Источната конференција откако со 106:101 го совлада Бостон Селтикс во доста возбудлив натпревар.

Клубот од Флорида до победата дојде по големиот пресврт кој го реализираше на крајот на втората и почетокот на третата четвртина.

Бостон имаше предност од цели 17 поени, но Мајами со убедлива кошарка и воден од Бем Адебајо и стандардно добриот Драгиќ стигна до предност на крајот на третата четвртина.

Во драматичен финиш во кој двата тима се менуваа во водството, Мајами стигна до победата со која се одлепија на 2:0 во финалната серија.

Горан Драгиќ мечот го заврши со 25 поени, додека Бем Адебајо забележа 21 кош и десет скокови. На спротивната страна, Кемба Вокер беше најефикасен со 23 поени, додека Џејлен Браун и Џејсон Тејтум завршија со по 21 кош.

Следниот натпревар од серијата се игра во недела со почеток од 2:30 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни