НБА
Мајами повторно го загуби малерозниот Смит до крајот на сезоната
Мајами Хит вчера го победи Бруклин со 110:95 и ја прекина серијата на порази во НБА лигата, но „жешките“ не можеа целосно да се израдуваат на овој триумф.
Причина за тоа беше незгодната повреда која ја заработи Дру Смит, а лекарските прегледи за жал покажале дека истата е од најсериозен можен карактер.
Малерозниот Смит ја скинал ахиловата тетива и ќе мора да подлегне на нов оперативен зафат, што значи дека НБА сезоната за него е завршена.
Ова е трета сезона во низа која Дру порано ја завршува поради повреда, што дефинитивно го прави еден од најнесреќните играчи во НБА лигата во последните неколку сезони.
Смит беше еден од најдобрите поентери на Мајами на претходните два натпревари против Орландо и Оклахома, но оној против Бруклин го заврши после само седум минути на паркетот.
-
Шпанија23 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Италија23 часа
Проблемите се надминати, Елмас добива нов соиграч од Милан
-
Англија14 часа
Аморим за Рашфорд: Дали го одигра неговото за Јунајтед? Мора да го претставува клубот…
-
АТП5 часа
Гласна птица го деконцентрираше Ѓоковиќ, сцената стана вирален хит (Видео)
-
Англија15 часа
Фернандеш го мина Бекам со атрактивниот гол против Арсенал (ВИДЕО)
-
Италија13 часа
Италијански великан фаворит за потписот на Вокер
-
АТП14 часа
Елиминиран поранешниот финалист на АО, Синер преку тај-брејкови до прва победа (ВИДЕО)
-
Италија12 часа
Јувентус договорил напаѓач, ама постои опасност да остане без него