Поврзете се со нас

Формула 1

Мајами ќе дебитира во Формула 1, Шангај во аут: Објавен календарот за 2022 година

Објавено

на

Формула 1 тимовите следната сезона ќе се натпреваруваат на 23 трки, амбиција на раководството на шампионатот потврдена со денеска објавениот календар.

Организаторите на атрактивното натпреварување велат дека шансите за проблеми со провизорниот календар се минимални, а од календарот отпадна трката за Големата награда на Кина.

Проблемите со пандемијата донесоа сериозни ограничувања, па трката во Шангај не се возеше откако е актуелна, а од Формула 1 велат дека кинеското гран-при ќе се врати на програмата кога ќе биде возможно неговото организирање.

Замена ќе биде трката на Имола, а следната сезона ќе дебитира трката во Мајами, втора американска во Ф1 календарот, додека се враќаат трките во Австралија, Сингапур, Јапонија и Канада.

Сезоната ќе започне на 20. март во Бахреин, а ќе заврши во Абу Даби на 20 ноември, со што ќе биде избегнато поклопување на Светското фудбалско првенство во Катар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни