Поврзете се со нас

НБА

Мајами го суспендираше Батлер поради експлозивното обраќање

Објавено

на

Foto:twitter.com/MiamiHEAT

Џими Батлер имаше експлозивно обраќање од прес-центарот по поразот кој го претрпе Мајами од Индијана, а тоа ги натера „жешките“ да го суспендираат својот најдобар играч на најмалку седум натпревари.

Франшизата од Флорида донесе доста непопуларна и тешка одлука, но ако се суди според расположението на самата ѕвезда, истата дефинитивно е најдобра за тимот.

Батлер беше доста дрзок на вчерашниот прес и порача дека не се чувствува среќно играјќи за Мајами, па така на индиректен начин побара да биде трејдуван уште во јануари.

Ваквиот негов потег е оценет како крајно непрофесионален од Мајами, па франшизата излезе со кратко соопштение со кое пренесе дека Џими нема да стои на располагање на наредните седум меча.

– Играчот Џими Батлер е суспендиран на седум натпревар поради повеќекратни лоши однесувања кои му нанесоа штета на тимот во текот на сезоната, а посебно во последните неколку недели, – гласи објавата на Хит.

Батлер по поразот од Индијана нагласи дека повеќе не се чувствува среќно на теренот кога игра за Мајами, а и директно додаде дека не гледа како би го вратил сјајот во очите како кошаркар на оваа франшиза.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни