НБА
Мајами го понижи Лејкерс во НБА лигата, тренерот Редик бесен: Ова е засрамувачки (Видео)
Лос Анџелес Лејкерс имаше позитивен старт на сезоната и ги затна устите на голем дел од критичарите, но дежурните експерти сега имаа голем број на аргументи за повторно да се исмеваат со тимот на Џеј Џеј Редик.
„Езерџиите“ рано утрово го претрпеа најтешкиот пораз од стартот на сезоната и жестоко настрадаа на гостувањето кај Мајами, каде „жешките“ успеаја да издоминираа во натпревар во кој славеа со 41 разлика.
Конечниот резултат 134:93 е најдобар приказ за тоа што се случуваше на теренот, а шокиран од конечниот епилог остана и тренерот Редик.
– Јас сум засрамен, сите сме засрамени. Ова беше засрамувачки настап од сите нас. Не покажавме адекватна борба на теренот, немаше професионализам каков што се бара во НБА лигата.
– Јас ја имам најголемата одговорност за овој болен пораз, чувствувам како мојот тим да нема заедништво на теренот, – изјави Редик кој го претрпе шестиот пораз на последните осум меча во НБА лигата.
Мајами со тимска игра го разби Лејкерс и најдобар поединец беше Хиро со 31 поен (9 тројки), додека Леброн Џејмс залудно имаше добри бројки и неговите 29 поени остануваат во сенка на засрамувачкиот пораз.
-
Англија20 часа
Мегваер посебно среќен за соиграчот кој доживеа понижување на „Олд Трафорд“: И јас минав низ истото
-
Свет20 часа
Саудијците тврдат: Роналдо прифатил да стави потпис на неверојатен договор со Ал Наср
-
Шпанија23 часа
Апелацискиот суд донесе пресуда за инцидентот на Винисиус со Димитриевски
-
Шпанија24 часа
Анчелоти пронајде само една светла точка во болниот пораз од Барса
-
Франција22 часа
Луис Енрике го дозна резултатот од „Ел Класико“, па му постави едно прашање на новинарот (Видео)
-
Шпанија10 часа
Фановите на Реал му пресудија на еден стартер по потопот од Барселона: Не си достоен за дресот (Фото)
-
Англија10 часа
Кризата во Сити не е единствен проблем за Пеп: Гвардиола ја завршил годината на најлош можен начин (Фото)
-
Боречки спортови24 часа
Фјури објави крај на кариерата со мистериозна порака (Видео)