Поврзете се со нас

Италија

Маикон со емотивна видео порака за Пандев: Никогаш нема да заборавам еден твој гол

Објавено

на

Горан Пандев и понатаму е чест гостин во италијанските медиуми, а викендов бил интервјуиран од „Скај Спорт“ по повод дербито меѓу Наполи и Лацио.

Поранешниот македонски репрезентативец настапуваше успешно и за двата италијански клубови, па споделил свои ставови во однос на формата, квалитетите и амбициите на двете екипи, кои во моментов котираат високо на табелата во Серија А.

Паралелно со спомените од периодот минат во редовите на Наполи и Лацио, никој во Италија не може да го заборави и престојот на Пандев во Интер, клуб со кој освои „триплета“ под водство на Жозе Мурињо.

Во емисијата на италијанскиот медиум бил вклучен и неговиот поранешен соиграч од Интер, Маикон, кој во тој период беше еден од најдобрите светски бекови. Бразилецот повеќе од срдечно го поздравил својот некогашен колега и емотивно му се обратил пред големиот тв аудиториум.

– Беше навистина голема чест да го носам дресот на Интер со тебе, беше навистина голем фудбалер, соиграч и пријател.

– Никогаш нема да го заборавам голот кој му го даде на Баерн Минхен за 3:2, тоа е слика која никогаш нема да ја заборавам. Најдобри желби, те сакам брату и голем бакнеж, – рекол Маикон во видео вклучувањето.

Бразилецот алудираше на голот за победа на Пандев во Минхен, во сезоната 2010/11, по кој Интер обезбеди место во четвртфиналето на Лигата на шампионите под водство на Леонардо.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни