Билијард и Снукер
„Магионичарот“ блескаше во „Маршал Арена“: Максимален брејк на Марфи по четири години (Видео)

Шон Марфи имаше експлозивен почеток во квалификациите за снукер Мастерсот во Германија, добивајќи го дуелот од првото коло со вклучен максимален брејк.
„Магионичарот“ го победи Чен Зифан со 5:0 во фрејмови, а во вториот фрејм обезбеди максимален брејк од 147 поени, успевајќи да ги воодушеви снукер фановите со начинот на кој го оствари најпосакуваниот начин да се добие еден фрејм.
Марфи последен пат врза 147 поени во 2016 година, а за него ова е шести максимален брејк во кариерата, со што се израмни со Стјуарт Бингам и Динг Јунхуи.
Пред нив остануваат само Џон Хигинс и Стивен Хендри со 11, односно Рони О’Саливен со 15 максимални брејкови.
Со денешниот успех, Марфи веројатно ќе ги заработи и дополнителните 5000 евра најавени како фонд за максимален брејк на квалификацискиот турнир. Дуелите од двете квалификациски кола се играат во Милтон Кејнс, за Мастерсот со 32 најдобри играчи да се одржи во Берлин кон крајот на јануари следната година.
Минатата година победник беше Џад Трамп, кој ќе го брани трофејот, а на Мастерсот нема да учествува Рони О’Саливен.
🚨 1️⃣4️⃣7️⃣ 🚨
Shaun Murphy conjured up a magnificent maximum tonight
Well played @Magician147 👏👏👏@WeAreWST #BVEuroSeries pic.twitter.com/zKn6a7ubAU
— Eurosport UK (@Eurosport_UK) November 10, 2020

- Англијапред 23 часа
Солскјер откри кој е најлош губитник во Јунајтед: Сите мислат дека тоа е Бруно, но….
- Балканпред 20 часа
Уапсен претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија, имал блиски релации со „српскиот касап“ Веља Неволја
- Италијапред 18 часа
Не е подготвен за италијанскиот фудбал: МекКени не можеше да го тргне погледот од задникот на Дилета Леота (ФОТО)
- Италијапред 24 часа
Дојде и тој ден: Роналдо постигна гол, соиграч го имитираше на теренот за време на прославата (Видео)
- Англијапред 22 часа
Клубови од Италија и Шпанија заинтересирани за играч на Манчестер Јунајтед, од клубот му подготвуваат нов договор
- Англијапред 19 часа
Тухел откри дека добил „корпа“ од најголемата ѕвезда на Манчестер Јунајтед: Сериозно го сакав во мојот тим
- НБАпред 16 часа
Дончиќ: Не можете да ме споредувате со Лери Бирд
- Шпанијапред 18 часа
Пике ги предупреди ривалите: Се уште сме живи, сезоната комплетно ќе се смени…