Поврзете се со нас

Италија

Магијата не се учи на тренинзи: Неверојатниот прием на Дибала го воодушеви Де Роси, но и сите искрени фудбалски фанови (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialASRoma

Пауло Дибала вчера постигна три гола во мрежата на Торино и тоа беше прв хет-трик за него од 2018-та година, па самиот тој по крајот на мечот порача дека топката ќе заврши во домот на неговата мајка.

Аргентинецот призна дека му недостасувало чувството од три постигнати гола на еден меч, но покрај тоа што воодушеви со ефикасноста, на социјалните мрежи стана вирален и еден момент од мечот со Феенорд.

Се работи за потег од пред неколку дена, но истиот дефинитивно заслужува посебно внимание од целокупната јавност поради тоа што беше претставен од официјалниот профил на Рома.

Станува збор за едно некотролирано исфрлање на Љоренте кое се чинеше дека ќе донесе жестока борба за топка, но наместо тоа, Дибала елегантно ја „залепи“ топката за својата нога и презентираше техника каква поседуваат само фудбалски магионичари.

Вакви потези можат да креираат само играчи кои имаат посебна дарба за оваа игра, бидејќи повеќе од јасно е дека ова не може да се научи на тренинзите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни