Поврзете се со нас

Свет

Магијата на Македонецот на Топ 10 листата: Димитриоски е автор на еден од најубавите голови во Шпанија (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонскиот интернационалец, Димитар Димитриоски е автор на еден од најубавите голови на колото во АСОБАЛ лигата.

24-годишното крило игра се подобро во дресот на Валјадолид со тоа што пред неколку дена го имаше најквалитетниот меч во овој дрес и тоа против Сисне. Некогашниот член на Вардар, Металург и Пелистер даде седум гола од осум обиде, а еден од нив беше вистинско ремек дело, вртенка во стилот на Тимур Дибиров.

Оваа негова мајсторија се најде на второто место на Топ 10 листата на 12.коло во Шпанија, поточно пред него беше само Начо Моја од Куенка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни