Италија
Магијата на Луис Алберто го реши дербито на „Олимпико“ (Видео)

Големото дерби меѓу Лацио и Јувентус беше мирно и тивко до самата завршница на првиот дел, кога во краток временски интервал видовме две проверки од ВАР, но и два погодоци.
Играчите на Јувентус беа убедени дека Милинковиќ-Савиќ направи прекршок над Сандро пред да постигне гол, но главниот судија Ди Бело процени дека станува збор за премал контакт и голот остана да важи.
Лацио дојде до заслужено водство со оглед на иницијативата која ја имаше, но Јувентус експресно одговори и во првиот посериозен напад израмни преку Французинот Рабио.
И овој гол се прегледуваше поради мешаницата во шеснаесетникот на Лацио, но исто како и првиот пат, погодокот беше признат и на семафорот стоеше 1:1 по 42 минути игра.
Со овој резултат се замина на паузата, а во вториот дел како клучна се покажа магијата на Луис Алберто. Шпанецот прими пас од десната страна од Андерсон, но веднаш ја проследи топката со „штикла“ и маестрално го проигра Закањи кој подоцна при радоста му ги „бришеше копачките“ на асистентот.
Лацио благодарение на овој фантастичен гол победи со 2:1 и се зацврсти на второто место на табелата во Серија А.
-
Англијапред 24 часа
Кин го советува отпишаниот Санчо: Постои само еден начин да си ја спаси кариерата во Јунајтед
-
Шпанијапред 23 часа
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Балканпред 11 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Англијапред 24 часа
Гвардиола брутален по елиминацијата: Не сакам да губам енергија на ова натпреварување
-
Шпанијапред 22 часа
Барселона обвинета за корупција, двајца претседатели завршија на суд
-
Шпанијапред 20 часа
Анти-фудбалот донесе неверојатна тензија во Билбао, Ињаки влезе во жесток клинч со противничкиот тренер (Видео)
-
Шпанијапред 16 часа
Тебас смета дека Барселона заслужува да и бидат одземени бодови ако е виновна во случајот „Негреира“
-
Англијапред 13 часа
Макелеле се збогуваше со фановите на Челси: Време е за нов предизвик