Поврзете се со нас

Европски првенства

Магијата на Кипријановска и Ристовска меѓу потезите на денот на ЕП, Петковска со петта најдобра одбрана (Видео)

Објавено

на

Оваа генерација на македонски ракометарки се изборија за првиот бод на Европските првенства по пауза од 16 години, а по конечниот епилог на сите натпревари во групата, стана познато дека го освоија третото место.

По ремито со Турција, избраничките на Грчевски вчера покажаа две лица во пресметката со фаворизираната Унгарија, бидејќи најпрво одлично се носеа и парираа во првиот дел, за потоа целосно да се „исклучат“ и да претрпат висок пораз во второто полувреме.

Високиот пораз не резултираше најлошо поради фактот што Турција доживеа дебакл во пресметката со Шведска, па така нашата репрезентација го избегне последното место.

Трите натпревари на Европското првенство покажаа дека овој тим се уште има многу работа пред себе, но низата блесоци од одредени поединки укажуваат дека сепак правиме чекори во вистински правец.

Сара Ристовска со низа потези го привлече вниманието на ЕХФ, а последниот натпреварувачки ден за Македонија на ЕП го заврши со втор најубав гол во изборот на Европската Федерација.

Магичното додавање на Кипријановска и реализацијата на Ристовска се втор најубав гол, додека голманката Петковска ја има петтата најдобра одбрана.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни