Магијата на Дибиров и збунетиот Де Варгас во топ 5 изборот на ЕХФ (Видео)

siskarev-timur

Европскиот шампион Вардар изминатиов викенд го претрпе првиот пораз во Лигата на шампионите оваа сезона, но мора да се напомене дека „црвено-црните“ храбро паднаа во Блауграна и до последен момент се бореа за реми на гостувањето кај Барселона.

Токму од завршните моменти на мечот пристигна и најдобриот погодок во големото дерби, а истиот беше дело на Тимур Дибиров кој со својата магија го збуни феноменалниот Перез де Варгас. Препознатливата минијатура на левото крило на Вардар не остана незабележана од ЕХФ, па така Русинот се најде во топ5 изборот на ЕХФ за најубави голови во завршеното коло во Лигата на шампионите.

Видеото погледнете го ТУКА

Facebook Коментари