Поврзете се со нас

Евролига

Магија во Евролигата: Томпсон ја изведе асистенцијата на сезоната (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/AnadoluEfesSK

Анадолу Ефес мораше да игра продолженија против Жалгирис за да стигне до драматична победа на домашен терен, натпревар на кој го видовме и потегот на вечерта во Евролигата.

Турскиот тим успеа да слави со 86:82 и имаше повеќе нерви во завршницата, а играч на домашниот тим го изведе потегот на мечот, па многу веројатно и асистенцијата на сезоната во Европа.

Тајрик Џонс постигна едни од најлесните поени во својата кариера по цепелинот кој го режираше, но спектаклот го осмисли неговиот соиграч.

Дарис Томпсон беше креатор на кошаркарската магија и успеа да изведе пас со кој ја исфрли од игра цела противничка петорка, потег кој сигурно ќе биде кандидат број еден за асистенција на годината.

Томпсон го заврши мечот со 17 поени и 5 асистенции, додека Џонс запиша 11 поени и 6 скокови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни