Поврзете се со нас

Лига Европа

Магија во Бугарија: Енрике од Бетис режираше генијално додавање за гол без да гледа (Видео)

Објавено

на

Бетис без премногу залагање ја оправда фаворитската улога во Разград, односно оствари минимална победа и покрај тоа што немаше никаков императив да освојува бодови.

Шпанскиот претставник веќе е во наредната фаза во Лигата на Европа, но затоа го закомплицира патот на Лудогорец кој иако имаше шанси, не успеа да извлече барем реми.

Натпреварот во Бугарија беше решен со една фудбалска магија на која сведочеа фановите во Разград, а која ја режираше младиот бразилски фудбалер на Бетис.

Луис Енрике го замени повредениот Хоакин, а во вториот дел се погрижи за бразилска лудорија и комплетно ја збуни противничката одбрана.

Играчите на Лудогорец очекуваа офсајд, но додавањето без гледање на Енрике беше до толку генијално и перфектно, што на Фекир само му преостана да ја постави ногата и да ја погоди мрежата на домашниот тим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни