Поврзете се со нас

Свет

Магија во Бразил: Роналдињо ја залепи топката за копачката, па изведе лоб бравура (Видео)

Објавено

на

Ревијалниот „натпревар на радоста“ кој се одиграл во Бразил во текот на вчерашниот ден предизвика огромно внимание од страна на јавноста во оваа земја, од едноставна причина што главна ѕвезда на хуманитарниот меч бил Роналдињо.

Неповторливиот фудбалски виртуоз составил свој тим кој му се спротивставил на хумористот Карлињос, а забавната фудаблската претстава која се случила во градот Масејо понудија дури 14 погодоци.

Тимот на Роналдињо на крајот победил со 9:5, а задолжен за најголемата мајсторија на мечот бил токму легендарниот Рони кој со својата минијатура потсетил на најдобрите денови.

Бразилецот комплетирал хет-трик на оваа средба и самиот го сподели на социјалните мрежи, но третиот постигнат гол е вистинско ремек-дело кое е одлика само за фудбалски мајстори.

Роналдињо ја залепи топката за својата копачка, а потоа испрати неверојатен лоб удар со кој ја фрли во транс присутната публика, но и коментаторите на мечот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни