Германија
Магија на рурското дерби: Халанд постига ремек-дело во стилот на Ибрахимовиќ (Видео)

Рурското дерби меѓу Шалке 04 и Борусија Дортмунд го нема потребниот интензитет и очекуваната неизвесност како и обично, од едноставна причина што тимот од „Фелтинс арена“ игра очаја сезона и е се поблиску до испаѓање во втора лига.
Добар предуслов за такво сценарио е и денешниот натпреварот против големиот и лут ривал, кој буквално се прошета во Гелзенкирхен и ја наполни до врв мрежата на Лангер кој го замени Фарман во првото полувреме.
„Милионерите“ го најавија распадот на домашниот тим пред крајот на првиот дел, кога најпрво Санчо погоди за 0:1, а во 45-та минута истиот играч асистираше до неверојатниот Ерлинг Халанд кој најверојатно го постигна најубавиот гол во својата кариера.
Во стилот на својот голем идол Златан Ибрахимовиќ, Халанд со карате удар ја смести топката во противничката мрежа и ги воодушеви своите соиграчи и фановите на Борусија, што секако беше најава за лесна победа во дербито.
Второто полувреме одново беше едносмерно и покрај тоа што Шалке имаше повеќе испратени удари, бидејќи гостите беа далеку поефектни, па преку Гереиро погодија за 0:3, а Халанд немаше потешкотии да го постигне и вториот гол во 79-та минута по додавањето од Белингем.

- Формула 1пред 24 часа
Пресврт од „кец во два“: Американскиот Ф1 тим Хаас ќе настапува со дизајн во боите на Русија, еве зошто!
- Англијапред 24 часа
Карагер со остар коментар за фудбалерите на Ливерпул, а од критики не го поштеди ниту Клоп
- Англијапред 23 часа
Чудна одлука на Солскјер, познато зошто Де Хеа ќе ги пропушти натпреварите во месец март
- Светпред 23 часа
Хабиб откри дека бил близок со Кристијано Роналдо: Неговиот најголем страв е поврзан околу синот
- Англијапред 22 часа
Кол импресиониран од тоа што го видел од Челси, посочи во што лежи тајната за рапидниот успех
- Англијапред 19 часа
Грилиш со интересен одговор зошто не го комплетирал трансферот во Манчестер Јунајтед: Немаше потреба, го имате..
- Италијапред 22 часа
Ибра и Михајловиќ го украдоа шоуто на Сан Ремо: Нашето пријателство започна со тој удар со глава
- Англијапред 19 часа
Агентот на Салах со кратка и мистериозна порака на социјалните мрежи откако играчот беше изваден од игра против Челси