Поврзете се со нас

Свет

Магија на Меси во замрзнатиот Канзас Сити за победа на Интер Мајами (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/InterMiamiCF

Лионел Меси на најдобар можен начин ја отвори новата сезона со Интер Мајами каде со својата мајсторија му донесе славје на тимот над Спортинг Канзас Сити во Купот на Шампионите на КОНКАКАФ.

Овој меч се играше на многу ладно време, минусна температура, но тоа не му пречеше на Меси да изведе магија во второто полувреме и обезбеди победа за составот од Флорида од 1-0.

Се играше 56 минута кога Бускетс испрати топка до некогашниот соиграч од Барселона по што следуваше фантастичен прием од Аргентинецот, исфрлање од игра на противникот и реализација со послабата десна нога.

Реваншот е закажан за 26 февруари.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни