Магија на Федерер: Го залепи топчето на рекетот и стана вирален хит на социјалните мрежи (Видео)

roger

Најдобрите тенисери секојдневно се подготвуваат за предизвикот на земја наречен Ролан Гарос.

По две години, оваа сезона на турнирот во Франција се враќа и легендарниот Роџер Федерер кој почна да ги воодушевува фановите веќе на тренинзите.

Швајцарецот на спектакуларен начин пречека една топка и буквално ја залепи на својот рекет, а видеото од неговиот тренинг брзо стана вирален хит на социјалните мрежи.

Инаку, ждрепката за турнирот ќе се одржи во четврток, а прв носител е српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ. Неприкосновен на земја и бранител на титулата од минатата сезона е Рафаел Надал кој повторно е прв фаворит за освојување на турнирот.

На Федерер само еднаш му пошло од рака да го освои турнирот во Франција, и тоа во 2009 година.

Facebook Коментари