Магија каква што не се памети на фудбалските терени: Топката лебдејќи стигна до рацете на судијата во финалето на португалскиот Куп (Видео)

sudija-topka

Фабио Коентрао ја остави најлошата слика од финалниот Куп натпревар во Португалија меѓу Спортинг и Авеш откако намерно ги избегна противничките фудаблери во ситуација кога неговиот тим загуби со 2:1, но овој наптревар од кој беше дел и нашиот Стефан Ристовски ни донесе и една неверојатна и нестварна ситуација која за првпат е видена на еден фудбалки терен.

Најспецифичната и најнеобична сцена пристигна во најавата за големото финале, односно спектаклот кој беше прикажан на средината на теренот, а од кој дел беше и главниот судија. Судијата употреби магија за да ја добие топката во свои раце пред да започне со стандардниот протокол при стартот на натпреварите, а начинот на кој лебдеше топката и на кој заврши во рацете на арбитарот навистина ги фасцинираше фудаблските фанови.

На социјалните мрежи се појавија секакви теории за оваа магична глетка во Португалија, но најреално сценарио е тоа дека организаторот на финалето употреби магнетно поле за да направи спектакл каков што се нема видено во фудбалот.

Facebook Коментари